Посветена на вредните и креативни ученици од
I-2 одделение
ООУ „Вера Јоциќ“- Скопје
Со љубов,
Вашата наставничка
2020


„Нема поисполнети денови од детството од оние поминати со омилената книга.“ – Марсел Пруст

Златка и трите мечки




Си биле три мечки: мајката мечка ,таткото мечок и малото мече. Седнале да јадат супа: таткото од најголемото тањирче ,мајката од помалото и малото мече од најмалото тањирчр. Но, супата била жешка и одлучиле да излезат да прошетаат низ шумата додека супата да се олади.

Во тоа време едно девојче по име Златка шетајќи се се загубило во шумата.

Тогаш ја здогледала куќарката.

Па решила да влезе да се одмори.

Ја видела поставената маса за ручек и бидејќи била многу гладна седнала да касне малку од супата.

Прво пробала од тањирчето на таткото мечок, но и била голема лажицата, потоа пробала од тањирот на мајката мечка, но и таа лажица и била голема, па седнала на столчето од малото мече. Кога пробала со неговата лажица таа и била најдобра и си ја изела целата супа.

Откако се најала и се приспало. Станувајќи од столето паднала и го скршила столчето,баш тоа од малото мече.

Ги видела креветите. Од мајката и таткото и биле големи, но креветот од мечето бил токму како за неа .Таа си легнала и веднаш заспала.

Но, трите мечки набргу се вратиле и веднаш приметиле дека некој јадел од нивните тањири, а малото мече само што не се расплакало кога видело дека неговиот тањир е празен, а уште повеќе се налутило кога видело дека столчето негово е скршено.Се чуделе кој би можел да дојде во нивната куќа.

Но, кога влегле во собата ја виделе убавата Златка како спие. Најпрво се зачудиле, но веднаш сфатиле дека тоа е едно убаво и паметно девојче, кое сигурно залутало и се изгубило далеку во шумата.

Таа веднаш се разбудила и почнала да бега. Но, мечките ја смириле и таа им раскажала како се изгубила во шумата. Потоа многу се извинила што јадела од нивната супа,а уште повеќе затоа што несакајќи го скршила столчето.

Потоа си поиграла со мечето, јаделе од новата супа што заедно ја спремиле мајката мечка и Златка, а потоа таткото мечок ја качил на својот грб и ја однел назад во нејзиниот дом.
Активноста беше спроведена
-да се охрабрат да дава соодветни одговори на поставени прашања поврзани со слушнат текст
-да се оспособат за откривање на елементите од литературните творби (место, време и ликови)
1-2 одделение
наставник Билјана Лазареска
ООУ „Вера Јоциќ“ Скопје

Колку точки има од Златка до куќата?
