Република Словенија — планинска земја која се наоѓа под Алпите. Тоа е држава во Средна Европа, која се граничи со Италија на запад, Јадранското Море на југозапад, Хрватска на југ и исток, Унгарија на североиисток и Австрија на север.Главен град: Љубљана. Број на жители: 2. 053 488 (2009.). Површина: 20 273 км.Словенија е земја која обилува со голем број на природни убавини кои придонесуваат за развој на туризмот во оваа земја. Позната е по многубројните скијачки терени. Едни од најпознатите се наоѓаат на Мариборското Похорје, каде секоја година се одржува традицинонално Златна Лисица или Голден Фокс. Познати се доста и словенските бањи (топлице) кои се уредени со многубројни базени со ладна и топла вода и се привлечни не само за медицински цели, туку и за рекреативни, особено помеѓу младите.
COMMENTS
Click 'X' to report any negative comments. Thanks!