Врапчето и птицата Феникс

Врапчето и птицата Феникс
Еднаш, малата врабица си сви гнездо во тревата. Во гнездото снесе три јајца. За тоа разбра гуштерот Пики, кој што живееше во нејзина близина. Пики многу сакал да јаде птичји јаца и ги крадел каде и да стигне. Кога врабицата одлетала да бара храна, Пики одма се прикрал, украл едно јајце и со сласт го изел. Кога се вратила, кутрата врабица, видела дека едно јаце и нема, па тажно заплакала. Другиот ден, Пики украл уште дено јајце. Избезумена, врабицата полетала кон птицата Феникс- царица на сите птици на светот.










Врабицата- Добар ден птицо Феникс. Наша почитувана! -Види ме колку сум несреќна и какво зло ми се нанесе. =Слушнав дека гуштерот Пики ми украде две јаца од гнездото.
- Помогни ми, казни го злосторникот!
Семоќната птица Феникс си лежела во своето гнездо. Перјето и сјаело во сите бои на виножитото. Таа надмено и одважно и одговори на малата и неугледна врабица .













Феникс- Зар не гледаш колку сум зафатена!?
- Како се осудуваш да ме вознемируваш со вакви ситници! =Секоја мајка мора да се грижи за своите пилиња и притоа не смее да им досадува на другите.





Врабицата – Ти си Феникс, царица на сите птици, затоа и ти се обратив тебе за помош. Мојата неволја за тебе е ситница, ама запамти што ќе ти кажам, ако малиот оган не се угаси на време, тогаш може да настане пожар. Ако малата несреќа не се спречи на време, тогаш може да се претвори во голема несреќа. И ако нешто такво се случи, немојте мене да ме кривите.
Феникс – Одма да се губиш од овде! И повеќе да не ми доаѓаш со твоите глупави желби!






Врабицата- Зошто воопшто отидов кај царицата на помош? На моќните и богатите не им е гајле за слабите и сиромашните. Морам сама да си го заштитам гнездото.

Врабицата си направи лак и стрела. Се затскри позади гнездото и тивко го чекаше доаѓањето на гуштерот Пики. После некое време, се појави Пики. Гледајќи лево- десно, се мушна кон гнездото. Таман сакаше да ја пушти раката кон последното јајце, врабицата го погоди разбојникот право во окото. Пики почна да пишти, да плаче, да се превртува од болка. Почна да трча кон реката за да се измие со ладна вода и да ја ублажи болката во окото.










Баш во тоа време, на брегот на реката си дремеше лавот. Пики избезумен и поуслеп, се струполи право во лавот.
Сонлив и преплашен, лавот рипна во реката, а во реката, нишајќи се на брановите, си одмарала троглавата ламја.





Таа го здогледала лавот, се исплашила и рипнала во небото.




Притоа случајно се фатила за гнездото на птицата Феникс, тоа се занишало и јајцето паднало и се скршило.
Разлутена, птицата Феникс и се обратила на ламјата:
Феникс- Ти живееш во водата, а јас на земјата, секој си има свое царство. Никогаш не сме се скарале. Зошто го скрши моето јајце!?
- Ние птиците Феникс, само еднаш во годината снесуваме по едно јајце и растеме по едно пиленце. Како смееш да дојдеш од твојот воден свет и да ми го уништиш гнездото, да ме оставиш без потомство!




- Full access to our public library
- Save favorite books
- Interact with authors

- < BEGINNING
- END >
-
DOWNLOAD
-
LIKE(5)
-
COMMENT()
-
SHARE
-
SAVE
-
BUY THIS BOOK
(from $6.39+) -
BUY THIS BOOK
(from $6.39+) - DOWNLOAD
- LIKE (5)
- COMMENT ()
- SHARE
- SAVE
- Report
-
BUY
-
LIKE(5)
-
COMMENT()
-
SHARE
- Excessive Violence
- Harassment
- Offensive Pictures
- Spelling & Grammar Errors
- Unfinished
- Other Problem

COMMENTS
Click 'X' to report any negative comments. Thanks!