Дамон и Питие

Дамон и Питие беа другари од детството. Живееја во Саракуза, Сицилија. Таму владееше озлогласениот угнетувач Диониз. Не можејќи да ќути на неподносливиот владетел, Питие држел говори на плоштадите, залагајќи се за тоа да ја укине неговате неограничена моќ да владее по свое. Кога тоа го слушна владетелот, го повика во неговиот дворец, заедно со неговиот пријател.





Што се замислуваш ти? Кој си ти? Како можеш себе си да си дозволиш да шириш немир меѓу луѓето? – рече владетелот.
Јас само ја говорам вистината,- одговорил Питие. Во тоа не може да има ништо лошо.




- А твојата вистина кажува ли дека на владетелите им е дадена преголеме моќ, и дека законите не се исти како за народот?
- Ако кралот дошол на власт, без поддршка од народот, тогаш се случува она што го кажував,- храбро рекол Питие.
- Ти си издајник, и ми работиш позади грбот. Повлечи ги твоите зборови, иначе ќе си ги сносиш последиците, налутено рекол владетелот.




- Те осудувам на смрт! Имаш ли последна желба?- го прашал.
- Да, имам. Пушти ме да појдам дома, да се опростам со мојата жена и децата.
-Гледам што мислиш ти за мене. Не само дека сум неправеден, туку и глупав! Кога би те пуштил да отпатуваш во Саракуза, повеќе нема да те видам.




-Ти го давам својот збор дека ќе се вратам,- рекол Питие.
-На тоа истапил Дамон и рекол:
-Јас ќе бидам неговиот залог, неговиот збор. Задржи ме мене, додека не се врати мојот пријател. Биди сигурен дека Питие ќе се врати додека сум јас тука затворен.





Диониз замолче, посматрајќи ги во чудо двајцата пријатели.
-Многу добро,- рече кралот. Биди свесен дека ќе те убијам, ако твојот пријател не се врати.
-Тој ќе си го одржи зборот,- одговорил Дамон. Јас во тоа ни најмалку не се сомневам.





И така Питие отпатувал од Саракуза во Грција, додека Дамон го сместиле во затвор. Поминувале денови и недели. Питие не се појавувал. Диониз го обзеде жеба, да види, што ли мисли затвореникот Дамон, дали можеби се поколебал во вербата. Отишол да затворот, за да се увери во тоа.



-Времето речиси ти истече, - се смеел кралот. Беше будала што се понуди да бидеш негов залог. Зар навистина помисли дека пријателот ќе ти се врати и ќе те спаси од неправедната смрт?
-Тој ќе дојде, сигурен сум во тоа,- му одговорил Дамон. Нешто изгледа го задржало твојот пријател по патот. Верувам во неговата пожртвуваност, исто како и во својата.




-Набрзо ќе видиме дали е така како што кажуваш.
Откако поминаа уште неколку денови Диониз одлучи да го убие Дамон. Стражарите го извадоа од темната ќелија и го донесоа на местото каде што требаше да го убијат. Таму веќе си седеше Диониз, смешкајќи се подбивно.





- Full access to our public library
- Save favorite books
- Interact with authors

- < BEGINNING
- END >
-
DOWNLOAD
-
LIKE(3)
-
COMMENT()
-
SHARE
-
SAVE
-
BUY THIS BOOK
(from $5.79+) -
BUY THIS BOOK
(from $5.79+) - DOWNLOAD
- LIKE (3)
- COMMENT ()
- SHARE
- SAVE
- Report
-
BUY
-
LIKE(3)
-
COMMENT()
-
SHARE
- Excessive Violence
- Harassment
- Offensive Pictures
- Spelling & Grammar Errors
- Unfinished
- Other Problem

COMMENTS
Click 'X' to report any negative comments. Thanks!