Кваџо

На западниот брег на Африка, во Гана, си живееше дете, кое се викаше Кваџо. Тој му помагаше на својот татко во правење на медени фигури, кои служеа како тегови за мерење на тежината на златниот прав. Во тој град, сите деца им помагаа на своите родители: некој ткаеа, некои втиснуваа шари во ткаенината, а некои како Кваџо, помагаа при вадење на медот и правеа глинени калапчиња.





Кваџо во таа работа стана многу вешт, никој не му беше рамен. Му требаа два часа да го извади медот и да го загрее. Тогаш таткото на Кваџо, вниматено и полека го ставаше во калапите. Кога медот ќе се оладеше, го кршеа калапчето и ја вадеа фигурата. На Кваџо многу му се допадна еден тапанар.






Во саботната вечер, кога градот се тресеше од песни и танци, Кваџо не сакаше да оди на вообичаената игранка. Си седеше во дворот, пред својот дом и си играше со својот тапанар.
-Колку си мал. Кажи ми ја својата тајна. Зошто ти навистина имаш некаква тајна...



На Кваџо му се причини дека устата на малиот тапанар се помрднува. Се слушна тивок одговор:
-Да, малечок мој пријателе. Ќе ти ја покажам мојата тајна. Затвори ги очите и дојди со мене.
Кваџо ги затвори очите и се запрепасти. Здогледа планина од златен прав. Околу планината стоеле исти такви медени луѓе.























-Фантастично! – викна Кваџо. Вие значи сте господари на злато?
-Да, - му одговори тапанарот. Ама ние умееме уште нешто, ги учиме луѓето на мудрости.
-Ох! – се насмеа Кваџо. Тој размислуваше за злато.
Кваџо му се обрати на својот малечок пријател:
-Знаеш, никогаш порано не сум видел толку многу злато. Би сакал барем малку да однесам дома.
-Стварно?- праша тапанарот.








Сега тапанарот се насмевна и почна да раскажува:
- Ќе ти раскажам една приказна за златото. Во дамнешно време, благајникот на еден ашантиски крал, наполнил поголема кутија со златен прав, за да може да си ја задржи за себе (ја украл). Но, го стигнала казната, ненадејно умрел... не стигнувајќи на никого да каже каде ја скрил кутијата со злато. Но ние, господарите на злато, знаеме каде е скриена. Ќе ти го покажеме тајното место.






Од голема возбуда му застана здивот на Кваџо. Па тој најскоро ќе биде најбогатото дете во градот! Ќе има кутија полна со злато! Тогаш тапанарот го погледна право во очи и сериозно му рече:
-Богатството е закопано позади десниот ѕид на светилиштето. Ако не си мудар, нема да можеш да го откопаш.
Крај секоја врата, ќе сретнуваш некое животно, човек, растение, и ќе мораш да го откриеш значењето на она што ќе го видиш.
- Добро, - рече Кваџо и се упати кон светилиштето.
. Набрзо се најде кај првата врата. Таму здогледа две момчиња и стебло на кокосова палма. Едно дете пробуваше да се качи на стеблото, додека другото одоздола му помагаше. На Кваџо му беше јасно ова што го виде.
- Ако некој настојува да направи нешто корисно, ќе му стигне помош.



Кај втората врата виде чамче со вслачи. Кваџо одма ја сфати пораката од глетката.
-Чамецот мора да има веслачи на двете страни. Снагата е во единството и складот.



Кај третата врата наиде на два грашака. Кваџо застана малку да се подразмисли.
-Ах, знам! Во грашоците има семе. Тоа не се гледа кога гледаш од надвор. Исто така не се гледаат ни човечките мисли позади челото.


Четвртата врата беше во знак на два крокодила, споени во стомаците. Но, Кваџо одма го сфати значењето на оваа слика.
-Колку е глупаво да бидеш алчен!Што ќе ти се две усти, кога имаш само еден желудец?
- Full access to our public library
- Save favorite books
- Interact with authors

- < BEGINNING
- END >
-
DOWNLOAD
-
LIKE(1)
-
COMMENT()
-
SHARE
-
SAVE
-
BUY THIS BOOK
(from $7.39+) -
BUY THIS BOOK
(from $7.39+) - DOWNLOAD
- LIKE (1)
- COMMENT ()
- SHARE
- SAVE
- Report
-
BUY
-
LIKE(1)
-
COMMENT()
-
SHARE
- Excessive Violence
- Harassment
- Offensive Pictures
- Spelling & Grammar Errors
- Unfinished
- Other Problem

COMMENTS
Click 'X' to report any negative comments. Thanks!