














Оваа книга не е со никаква посвета, но сакам оваа прва страна да ја оддвојам за да кажам дека при пишување на оваа книга, јас ги посетив ТРИТЕ ПРАСИЊА, ги видов СЕДУМТЕ ЏУЏИЊА, се запознав со ДИЗНИ ПРИНЦЕЗИТЕ, но на крај сепак се вратив дома и забележав дека тоа било само еден убав сон...
...а можеби и не...!






































































































































Беше лето... Јас и моите другарчиња си игравме во блискиот парк. Дека паркот беше сега брзо направен, имаше оставено песок до лизгалките. Некои од децата се нишаа, некои се лизгаа, а пак некои си играа во песокта. Јас, Дамијан и Елена спаѓавме во третата група.

Толку се забавувавме што не пазевме на времето.-одеднаш се слушна еден глас:,, Елена, доста е играње!”
А потоа се чу и уште еден женски глас:,,Дамјан, ајде да си одиме!”
Ние се свртивме и заприметивме дека тоа биле родителите на Дамијан и на Елена. Се поздравивме и се договоривме кога да се чекаме во паркот утредента.

Тие заминаа, а јас останав кај песокта. Сакав да ископам многу длабока дупка и тоа го изразив со следниве зборови:,, Ќе ископам многу голема дупка, а потоа ќе смислам некоја игра!”Како што реков така и направив.-почнав да копам. Копав и копав и стасав до крајот на песокта, но дека земјата беше мека и кровка продолжив да ја длабам дупката. Продолжив со мојата работа се додека не стасав до нешто тврдо.


Ја проширив дупката за да видам што е. Кога видов дека тоа е метален ковчек, останав со ококорени очи! Тој беше заклучен. Јас продолжив да ја длабам дупката мислејќи дека ќе најдам и клуч. Тоа што го побарав и го добив! Но, не го отворив ковчегот веднаш. Тоа сакав да го направам дома. Клучот го ставив во длабокиот џеб, а железната кутија под вентијагата. Чекорев брзо накај дома. Чекорите не ги броев, но стасав за неколку минути. Влегов внатре а на мама и на тато не им кажав ниту збор!
Ковчегот го ставив на подот во мојата детска соба. Го извадив клучот и го ставив во клучалката. Нежно завртив и го кренав капакот, а потоа љубопитно ѕирнав. Во ковчегот имаше голема и дебела книга. Ја зедов в раце и започнав да ја читам. Само што ги прочитав првите неколку реченици, видов милиони здружени златни ѕвездички. Одеднаш нешто ме вовлече во правот и бев опкружена со злато!






Одеднаш видов светлина, а веднаш потоа под едно дрво го видов и Мачорот во чизми! Ја беше започнал својата попладневна дремка. Не сакав да го прекинувам па затоа се придвижив нанапред. Околу мене се насобраја милијарда бели цветови кои можеа да се движат! Е, тоа беше нешто што не го гледав секој ден! Навистина беше невообичаено! Потоа ми го одвлече вниманието една чудна сина птица. Беше целата бушава! Леташе до неколку дрвја, а таму ги видов Петар Пан и Ѕвончица како вежбаат интересни потези. Беа прекрасни!



1.„О, девојче, што правиш ти тука?!” – ме праша напнато едно од прасињата.
2.„Па искрејно, ни јас не знам...” – одговорив збунета.
3.„Од каде си, од каде доаѓаш? Во ред, во ред, не ми кажувај! Ајде влези внатре, нешто да те почeстиме!“-извика другото прасе.
Потоа продолжив напред накај една куќа. Ѕирнав низ прозорот и го здогледав зацрвенетото прасе. Во тој миг излегоа неговите браќа.
Мене ми беше навистина чудно, затоа што во приказната не беа така опишани прасињата, но безразлика на тоа влегов.











Тие ме почастија со сокче и тартуфи а веднаш потоа почнаа да се фалат за тоа како го намамиле волкот. Само најмалото прасе молчеше. Не ми оставија ни шанса за да кажам нешто. На крај конечно успеав да си заминам од таму.











1.При излегување ги приметив распеанита седум џуџиња како излегуваат од рудникот. Едно по едно- сите седум! Но, потоа! Под два разгранети чинари ги видов Дизни принцезите: Снежана, Пепелашка, Јасмин, Убавицата, Трнорушка и Рапунзел. Им приидев и се запознавме:
6.„Тоа е долга приказна...-седнете ќе ви ја раскажам’’-реков, и почнав. Раскажував и раскажував, а принцезите ококорено гледаа. Кога дораскажав убавиците само се погледнаа, а Јасмин ми понуди колаче и чај, а потоа започнавме да си правиме венци од бели и виолетови цветови.

























































































2.„Здраво, јас сум Јована”
3.„Здраво! – мислам дека не знаеш нас нели?”

4.„Да, да! Имам многу читано за вас’’
5.„Што те доведе овде?’’
Кога ги доправивме венците принцезите ме фатија за рака и ме водеа накај морето. Глетката беше убава и отмена, а во едем миг принцезите ја повикаа Ариел.-таа се крена над водата ни мафна со рака и нурна под вода, а за миг се најде пред мене со преубава школка и насмевка. Успеав само да се заблагодарам дека принцезите едвај чекаа да ме однесат до „ Виножитниот Водопад.’’

















































Одевме по еден чуден пат: изгледаше како да си вртиме кругови, но на крај стасавме!
„Еве! Прекрасно е нели?-воздивна со замор Снежана покажувајќи накај Виножитниот Водопад. А јас само се скаменив, и се воодушевував, додека пак Убавицата ми стави в рака еден цвет.




Таму малку седнавме и ги посматравме виножитните риби, а потоа си ги плетевме една на друга косите. Додека го прававме тоа Снежана само се туфваше мислејќи дека плетенката на Рапунзел никогаш нема да заврши! Јас за тоа време го извадив цветот што ми го даде Убавицата. Само што му ги фатив лисјата, тие започнаа да светат и менуваат бои.
„Тоа цвеќе се наоѓа еднаш на сто години!’’-рече Пепелашка.
„ Навистина?!’’-прашав.
„ Да, да... Тоа е многу специфично цвеќе, а и чудно!’’-рече Јасмиин,
„ Расте покрај вода, но ако му нанесеш вода ќе овене!’’-се надоврза Рапунзел.
„Ќе овене?!’’-прашав, а принцезите кимнаа со главата. Одеднаш Снежана извика:
„ Леле,станувајте, ќе не стемни! Станувајте! ’’






















































Трнорушка ме фати за рака и ме водеше по еден уште по чуден пат...Имаше треви кои висеа над нашите глави а штом ќе ги допревmе се собираа со своите цветови. Се што гледав беше зелено и бело, но во еден миг, се појави зрак светлина.
















Рапунзел ги тргна тревите и што да видам!-Замокот на Принцезите! Влеговме во дворот и се отвори вратата. Чекоревме по ходникот и јас посматрав. На ѕидовите беа закачени најразлични слики.Едно време застанавме и Убавицата ја отвори 185та врата.
Tоа беше мини-библиотека, а Јасмин ми подаде книга во која пишуваше за секоја принцеза! Пишуваше дека Пепелашка е позната по своите природни убавини, Јасмин по својата желба сама да избира во животот, Убавицата дека лесно може да одлучи да се жртвува за некого, Снежана била позитивна, Ариел била љубопитна, Аурора имала многу надеж а пак Рапунзел била авантуристка.
Освен овие принцези имаше и ред други... Откако се изначитавме влеговме во просторија 202.




- Full access to our public library
- Save favorite books
- Interact with authors













- < BEGINNING
- END >
-
DOWNLOAD
-
LIKE(4)
-
COMMENT()
-
SHARE
-
SAVE
-
BUY THIS BOOK
(from $5.99+) -
BUY THIS BOOK
(from $5.99+) - DOWNLOAD
- LIKE (4)
- COMMENT ()
- SHARE
- SAVE
- Report
-
BUY
-
LIKE(4)
-
COMMENT()
-
SHARE
- Excessive Violence
- Harassment
- Offensive Pictures
- Spelling & Grammar Errors
- Unfinished
- Other Problem

COMMENTS
Click 'X' to report any negative comments. Thanks!