По повод одбележувањето на Патрониот празник на ООУ„Гоце Делчев“- Прилеп
4.05.2020 год.



Наставниците горди
стојат пред нас,
,,Среќен празник училиште наше”
извикуваме на цел глас!
Бисера Гаралоска IV в
Патрон празник
Моето училиште денес
празник слави,
сите сме среќни
најмногу првачињата мали.
Наредени во ред
со цвеќе во рака,
пред споменикот на Гоце Делчев
секој да се поклони сака.
Гоце Делчев
Гоце Делчев е човек кој на македонската држава и значи,
човек кој во сечие срце кaко искра зрачи!
Гоце Делчев е вистински јунак кој во нашите души цути,
човек кој ги ослободи војниците од униформите крути!
Гоце Делчев се „трансфиормирал“ во улоги
сто и пет!
-но не бил забележан ни од валија, ни од кмет!
Гоце Делчев е македонец, револуционер што се вика,
кој за ослободување на Македонија, ја користел секоја прилика!
Овој јунак заслужува почит,
заслужува да одекнува неговото име од секоја планина и рид!
Неговото име на секаде се слави,
крај реките и езерата плави!
Гоце Делчев бил чудо од човек,
чие што име ќе се слуша од век на век!
Јована Пејовска V г одд.





Моето училиште
Шест години кога имав
мајка ми ме зеде за рака
и ме донесе пред твојата врата.
Од тогаш , па до денес
низ мигови тешки и лесни ,
низ игри и песни ,
учиме и другаруваме сите
брзо и лесно ни минуваат дните.
Училиште , твое , мое
секој си има свое.
,, Гоце Делчев “ е училиштето во кое
судбината своја ја создавам
за различни светови дознавам.
За тебе Гоце, има и химна и песна
бидејќи судбината твоја не била лесна.
Па затоа денес со гордост и кренати глави
твојот патрон се слави.
Камелија Настеска IV В одд.
О.О.У.,,Гоце Делчев” - Прилеп

Моето училиште Гоце Делчев се вика
Моето училиште не е зграда млада,
но на оној што влегува му станува драга.
Тука се образуваме со букви и форми,
тука ние имаме правила и норми.
Во моето училиште секој има место,
Па затоа се навраќам во мислите често.
Училници и сала ,
и топка жолта мала, наоколу убавини
природата што дала.
Дворот ни е исполнет со цвеќиња и трева,
ние тука играме и правиме врева.
Натавниците не образуваат не учат и водат,
ни покажуваат патокази по кои учениците одат .
Не учат и на вредности , искрено не бодрат.
веруваат дека другарства прави ќе се родат.
Барбара Гиноска IV a




.
Македонски син
Горда мајка Султана.
Роди син македонски.
Тој со љубов и сила,
се бореше за светла иднина.
Животот тој го даде,
за вечно да се слави неговото име.
Лина Неделкоска I a oдд.



Во чeст на нашиот патрон Гоце Делчев

- < BEGINNING
- END >
-
DOWNLOAD
-
LIKE(2)
-
COMMENT()
-
SHARE
-
BUY THIS BOOK
(from $3.39+) -
BUY THIS BOOK
(from $3.39+) - DOWNLOAD
- LIKE (2)
- COMMENT ()
- SHARE
- Report
-
BUY
-
LIKE(2)
-
COMMENT()
-
SHARE
- Excessive Violence
- Harassment
- Offensive Pictures
- Spelling & Grammar Errors
- Unfinished
- Other Problem

COMMENTS
Click 'X' to report any negative comments. Thanks!